Предавање на проф. д-р Јулијан Ренч на тема: „CLAUSAL COMPLEMENTATION IN BALKAN TURKISH BETWEEN HERITAGE, LANGUAGE CONTACT AND LINGUISTIC UNIVERSALS“

Во рамки на месечните лингвистички средби COLLOQUIA LINGUISTICA кои се одржуваат во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при Македонската академија на науките и уметностите, на 26 јануари со почеток во 12 часот проф. д-р Јулијан Ренч одржа предавање на тема CLAUSAL COMPLEMENTATION IN BALKAN TURKISH BETWEEN HERITAGE, LANGUAGE CONTACT AND LINGUISTIC UNIVERSALS. Проф. д-р Јулијан Ренч е истакнат лингвист-турколог кој предава јазична туркологија, турска граматика, турска литература, отомански турски, разни турски јазици (ујгурски, узбекистански, казахстански, чагатајски, старотурски) на Универзитетот во Мајнц, Германија, а полиња на истражување му се компаративна лингвистичка туркологија, типологија, историска лингвистика, семантика, морфологија, синтакса, балкански турски, Енисејски натписи, турска литература. Во своето предавање пред присутните лингвисти и филолози тој ги претстави своите лингвистички истражувања на турскиот јазик кој се говори на Балканот, меѓу кои значаен истражувачки материјал е собран од Македонија.