Состанок со претставниците на Македонистичката работилница при Универзитетот во Вроцлав

Untitled logo

На 16 ноември 2017 година, Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити одржа состанок со претставниците на Македонистичката работилница при Универзитетот во Вроцлав: проф. хаб. д-р Јан Соколовски, проф. хаб. д-р Михал Сарновски (директор на Институтот за словенска филологија), хаб. д-р Елжбјета Тишковска-Каспжак (заменик-директор на Институтот за словенска филологија), д-р Ивона Лучкув (раководител на Македонистичката работилница при Институтот за словенска филологија) и м-р Марија Стришевска (докторантка на Институтот за словенска филологија).

На состанокот беше разгледана досегашната соработка помеѓу МАНУ и Универзитетот во Вроцлав и беше договорено во иднина истата да се продлабочи.

Галерија