Предавање на проф. д-р Кристина Крамер на тема: „REIMAGING THE LINGUISTIC LANDSCAPE OF SKOPJE (ПРЕРАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЛИНГВИСТИЧКИОТ ПЕЈЗАЖ НА СКОПЈЕ)“

Untitled logo

Во рамки на месечните лингвистички средби COLLOQUIA LINGUISTICA кои се одржуваат во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при Македонската академија на науките и уметностите, на 30 март со почеток во 12 часот, проф. д-р Кристина Крамер, од Универзитетот во Торонто, Канада, одржа предавање на тема: REIMAGING THE LINGUISTIC LANDSCAPE OF SKOPJE (ПРЕРАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЛИНГВИСТИЧКИОТ ПЕЈЗАЖ НА СКОПЈЕ).

Д-р Кристина Крамер (Christina Kramer) е американски лингвист, славист и балканист. Во центарот на нејзиниот научен интерес е граматичкиот, пред се вербалниот систем на македонскиот стандарден јазик, но во нејзиниот опус има и низа драгоцени студии посветени на македонските дијалекти, на историјата на стандардизацијата, а исто така и на социолингвистичките состојби во Република Македонија и пошироко на Балканот.
Д-р Крамер долги години е активна на полето на воспоставување врски меѓу американската и македонската славистика и македонистика.