Повик за учество на ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРИРОДНОТО ПРАВО на тема: „Демократија и владеење на правото“

Untitled logo

Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, РМ, го организираат првото издание на Охридската школа на природното право, под наслов: Демократија и владеење на правото.

Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) од правните факултети во рамките на државните и приватните универзитети во државата.