Реагенси, лабораториски потрошен материјал и пластика и заштитна опрема за дијагностицирање на ковид-19

Поради тестирање на присуство на COVID-19 во лабораторијата во МАНУ, Македонската академија утврди итна потреба од набавка на стоки со предмет Реагенси, лабораториски потрошен материјал и пластика и заштитна опрема  за дијагностицирање на ковид-19 преку постапка со преговарање без објавување оглас, во согласност со Известувањето на Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии од 17.03.2020 за реализирање на јавни набавки по член 55 став 6 од Законот за јавните набавки, а со цел потребите да се задоволат во најкус можен рок без било какво одлагање.

За таа цел, во прилог Ви доставуваме Покана за поднесување понуда за јавната набавка Реагенси, лабораториски потрошен материјал и пластика за дијагностицирање на ковид-19.

Крајниот рок за поднесување на понудата е 20 јануари 2021 година до 15 часот, во архивата на МАНУ.

Поканата за поднесување понуда можете да ја погледнете here.
Одлуката за јавна набавка можете да ја погледнете here.
Техничката спецификација и листата на цени можете да ги погледнете here.
Прилогот кон одлуката можете да го погледнете here.
Тендерската документација можете да ја погледнете here.