Акад. Гоце Петрески

Редовен член, 2009

Акад. Гоце Петрески

Датум на раѓање
31.08.1953
Место на раѓање
Крушево
Членство во МАНУ
Редовен член, 2009
Институција
Редовен професор на Економскиот факултет во Скопје
Област на работа
Економски науки (економски развој, инвестиции, економија на работната сила, меѓународни економски проблеми)

Биографија

Акад. Гоце Петрески е роден на 31 август 1953 година во Крушево. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на тема поврзана со економската теорија на Џон М. Кејнз. Завршил постдипломски студии од областа на економскиот развој и методите на економска анализа. Во 1983 година го одбранил магистерскиот труд К

ост-Бенефит анализата и нејзината примена во оценувањето на инфраструктурни проекти

. Како стипендист на ООН, завршил и постдипломски студии од областа на развојот и населението на Универзитетот “Јавахарлал Нехру“ од Њу Делхи во Индија. Докторирал на тема

Теоретско

методолошките основи на анализата на развојните цели и оценувањето на проектите

”.

Во својата кариера акад. Гоце Петрески сукцесивно минал низ сите наставно-научни звања, од помлад асистент до редовен професор. Негово поле на научен интерес се економскиот раст и развој, инвестициите, економијата на трудот, економија на иновациите и меѓународните економски проблеми. Настапувал или бил ангажиран на повеќе универзитети во земјава и во странство. Визитинг-професор е на Универзитетот во Загреб. Акад. Петрески течно говори англиски и француски јазик, а активно познава уште неколку странски јазици.

Aкад. Гоце Петрески остварил повеќе студиски престои во: Хаг, Токио, Сеул, Стокхолм, Лондон, Бон, Луксембуг, Бриж и Рим. Остварил учество на голем број меѓународни научни собири, симпозиуми и семинари во Лондон, Тривандрум, Женева, Вашингтон, Стокхолм, Варшава, Хаг, Сантандер и др., како и на меѓународни конференции во Кран Монтана, Давос, Њујорк, Сингапур, Женева, Хаг, Лион, Сиетл, Јоханесбург, Бангкок, Стокхолм, Берлин, Осло и др. Учествувал на повеќе меѓународни конференции, симпозиуми, работилници, научни собири и семинари во: Букурешт, Клуж-Напока, Атина, Осло, Евиан, Берлин, Лион, Солун, Каиро, Волос, Прилеп, Охрид, Скопје, Бон, Луксембург и Бриж. Акад. Петрески настапувал и посетувал повеќе обуки во странство, поврзани со различни економски области и, меѓу другото, стекнал дипломи, сертификати и признанија во: Тривандрум, Индија 1990; Сеул, Јужна Кореја, 1991; Токио, Јапонија, 1993; Бон, Германија, 1993; Скопје, 1994 и Луксембург, 2006, Рим 2007.

Покрај академската кариера, акад. Петрески, извршувал високи државни функции, меѓу другите и министер за развој во првата Влада, по осамостојувањето на Република Македонија (1991–92) и амбасадор на Република Македонија при ООН (1994–2000). Исто така, извршувал високи меѓународни функции: претседавач на Економскиот и финансискиот комитет на 50-то јубилејно Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк (1995–96); претседател на Бордот на UNCTAD (Конференција на Обединетите нации за трговија и развој) (1997–98), во Женева; главен преговарач за пристапување на Република Македонија во Светската трговска организација (WTO); учествувал од самата иницијатива и во целосниот тек на преговорите со ЕФТА; бил главен координатор за економската сукцесија во Брисел, Хаг и Женева; координатор и коавтор на Антиинфлациската програма, 1992; бил и консултант на Европската банка за обнова и развој од Лондон (Еuropean Bank for Reconstruction and Decvelopment); член на меѓународната Blue Ribbon-комисија за реформи и на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Истовремено, тој извршувал и значајни надворешни советнички улоги при премиери на Владата на Република Македонија, гувернерот на Народната банка и претседателот на Република Македонија.

Добитник е на највисоката државна награда „Гоце Делчев“, за труд од областа на науката, за 2002 година.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2009 година.

Бил раководител на Департманот за економија на Економскиот факултет (2011-2015) и раководител на докторски студии по Економски науки (2014-2017) по нивното основање при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил секретар на Одделението за општествени науки при МАНУ (2009-2013). И уредник на научното списание „Прилози“ на Одделението за општествени науки.

Библиографија