Акад. Олексеј Семјонович Онишченко

Акад. Олексеј Семјонович Онишченко

Надвор од работен состав, 2009

Акад. Олексеј Семјонович Онишченко

Датум на раѓање
17 март 1933 година
Место на раѓање
с. Рудка, во Полтавската област
Членство во МАНУ
Надвор од работен состав, 2009
Институција
Националната академија на науките на Украина и Националната библиотека на Украина „В. И. Вернадски“.

Биографија

Акад. Олексеј Семјонович Онишченко (Олексш Семјонович Онищченко) е роден на 17 март 1933 година во с. Рудка, во Полтавската облает на Украина.

Историско-филозофскиот факултет (со специјалност по филозофија и историја) го завршил во 1956 година. Од 1959 година работел во Националната академија на науките на Украина. До 1978 година бил директор на Институтот за филозофија на НАНУ, а потоа директор на Меѓурепубличката филијала на Академијата на општествени науки во Киев и во тој период ги истражува проблемите на развитокот на духовната култура, светогледот на личноста, битот и начинот на животот на народот, научно- техничката револуција, филозофско-социолошките проблеми на еволуцијата на масовната свест, културата, социологијата и историјата на религијата во Украина, традицијата и улогата на празнично-обредната сфера во животот на личноста и на општеството.

Како историчар, културолог, филозоф и социолог, од 90-тите години акад. Онишченко активно ги истражува и прашањата на новата социокултурна трансформација на украинското општество, тенденциите на формирањето на информатичкото, граѓанското и иновационото општество во Украина изградено врз знаењето. Toj учествува во разработка на концепцијата на идеологијата на украинското државотворство, го истражува развитокот на хуманитарната сфера, реформирањето на политичкиот систем и државната информатичка политика. Посебно го привлекуваат прашањата околу социохуманитарната технологија, историјата на академската наука, архивистиката, документаристиката и проучувањето на украинската култура. Врз таа основа акад. Онишченко организира и самиот учествува на низа меѓународни научни конференции во Украина и во странство.

Од 1992 година станал генерален директор на Националната библиотека на НАНУ „В. И. Вернадски“, како централна научно-наставна институција во оваа област, со 5 научноистражувачки институти и 4 центри и со над 200 подрачни филијали во земјата. За особениот придонес во развитокот на науката во областа на проучувањето на духовната култура, во 1998 година О. С. Онишченко е из­бран за член на Президиумот на НАНУ и академик-секретар на Одделението за историја, филозофија и право.

Акад. Онишченко е координатор на украинско-македонската научна соработка помету МАНУ и НАНУ и организатор и учесник на годишните научни собири и редактор на заедничкиот научен зборник што излегува на украински и на македонски јазик во Киев како издание на НАНУ и МАНУ. Toj е и еден од авторите на првиот и засега единствениот Украинско-македонски и Македонско-украин­ски разговорник што излезе во 2005 година во Книгоиздателството „Довира“ во Киев, како заедничко издание на НАНУ, МАНУ, Киевскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“ и Јазично-информациониот фонд на НАНУ. По негова инициатива и со лично коавторство, во издание на НАНУ, Украинскиот јазично-информативен фонд, Националната библиотека на Украина „В. И. Вернад­ский во Киев во минатата 2008 година е објавен првиот Укратсъко- македонський словник со 20.000 зборови и фразеологизми што темелно го претставува македонскиот јазик пред украинскиот корисник, а претставува уникален прирачник и за македонскиот корисник на украинскиот јазик.

Под негово раководство, во издание на НАНУ, но повод 100- годишнината од раѓањето на Кочо Рацин, во Киев излезе опфатен избор од неговото поетско и прозно творештво, а пред објавување, исто така по негова инициатива и залагање, е и избор од Крсте Мисирков.

Научноистражувачкиот опус на акад. О. С. Онишченко опфаќа 17 одделни монографии и над 300 научни трудови објавени во зборници и списанија. Освен тоа, тој е главен редактор или коредактор на значајни научни зборници и други капитални изданија.

Во последниве години акад. Онишченко активно навлегува и во македонистиката. Како претседател на Одборот на НАНУ за соработка со МАНУ, тој е главен редактор на двојазичниот „Украшсько-македонський науковий зб1рник“ што се печати во Киев, како заедничко издание на НАНУ и МАНУ.

Акад. Онишченко е и познат културен и општествен деец. Toj е претседател на Асоцијацијата на библиотеките на Украина, прв потпретседател на Украинската академија на политичките науки, претседател на Украинскиот славистички комитет и член на Меѓународниот комитет на славистите, член на Украинската национална комисија за прашањата на украинскиот правопис и на Националната комисија на Украина за УНЕСКО.

Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Од­делението за лингвистика и литературна наука.